Магазин

Познатата Теа Таировиќ ги излажа прилепчани?! (Фото)

Неодамна познатата балканска мега стар Теа Таировиќ ги излажа прилепчани. Вообичаено големите музички ѕвезди од типот на Таировиќ своите големи концерти и настапи превремено ги најавуваат преку своите Инстаграм или Фејсбук профили. Па така и Теа на 18-ти мај 2024 громогласно го најави својот настап во Прилеп на „Пивофест“ на 12-ти јули и тоа сите не поведе дека и годинава ќе се одржи овој познат пиво фестивал.

Но, кога тргнавме по трагите на информацијата всушност дојдовме до сознание дека наместо „Пивофест“ и бесплатен концерт за прилепчани, истите доколку сакаат на присуствуваат на концертот и да се забавуваат со атрактивната Таировиќ треба од својот домашен буџет да одвојат по 600 денари за влезница. А што уште е поинтересно е информацијата дека сеуште прилепчани не знаат на која локација и каде точно ќе се одржи концертот истовремено знаејќи дека нема соодветен простор на Могила – паркот на непобедените каде е и најавен концертот.

Тука се прашуваме кој кого лаже – пејачката Таировиќ со нејзината неодамнешна објава или организаторите на нејзиниот веќе најавен концерт каде се наплатува влезница. Но како и да е, таа ќе дојде и ќе си го отпее своето, а граганите и овој пат како и секогаш ем збунети ем лажно информирани, и како што велат старите – кучињата ќе си лаат а караванот ќе си врви.

Можеби ќе ве интересира: