Музика на кирилица

„Ветер“ на „Funk Shui“ избран за хит на неделата во Хрватска (Фото)

Хрватскиот музички портал muzika.hr во програмата „Испод пулта“ го избра последниот сингл на македонскиот бенд „Funk Shui“ за хит на неделата. Песната  „Ветер“ беше промовирана пред околу 2 седмици. Членовите на бендот се автори на музиката и текстот, а аранжманот е на Бен Милчев. Спотот е сниман летово на неколку локации низ земјава.

„Црпејќи мотивација од сопствената средина, протагонистот во песната се соочува со своите способности за решавање на проблемите околу него. Веселоста и текот на песната сe прекинати од страна нa ненадејните напливи на емоција од заразниот рефрен. Преку неколку метафори Лука пробува да долови дека е свесен за сопствените способности, преку персонифицирање со ветрот и неговиот потенцијал да ja исчисти околината. Мелодичната гитара што ја придружува целата песна ја игра улогата на смирување на бурата и ја овозможува завршницата што песна како оваа ја заслужува”, велат момците од „Funk Shui“ за песната.

Можеби ќе ве интересира: