Во прв ред

Јонче Христовски Симфонија: Вистински спектакл од Камерниот оркестар на Битола

Камерниот оркестар на Битола ⋮IWConnect со својата Јонче Христовски Симфонија минатата вечер направи вистински спектакл, кој долго ќе се памети. „Македонско девојче“, „Ако умрам ил загинам“, „Ај засвирете ми чалгии“… беа само дел од стиховите кои битолската публика ги уживаше минатата вечер на првиот од двата концерти посветени на македонскиот музички доајен Јонче Хрисовски.

Публиката на овој концерт беше една од најбројните до сега. Салата на Центарот за култура во Битола беше исполнета со обожаватели на ликот и делото на Јонче Христовски, кои имаа чест да поминат два часа слушајќи ги најубавите бисери на Јонче. Емоции, непрекинат громогласен аплауз, распеани лица и прекрасна македонска музика го исполнија Центарот за култура во Битола.

Извонредниот концерт успеа да го долови специфичниот стил на изведба на песните кој Јонче го имаше, како и емоциите кои истите тие ги предизвикуваат секогаш кога ќе се слушнат. Музичките ноти кои концертот ги испрати создадоја една топла, и пријатна атмосфера која го воодушеви секој присутен.

Овој концерт пренесе силна порака дека музиката има моќ да ги обедини сите, да ја поддржи и промовира нашата историја и култура, и да ги восхити срцата на сите присутни. Синоќешниот концерт потврди дека и по толку долго време Јонче Христовски е и ќе продолжи да биде еден од основачите на македонската музика.

На концертот настапија Виолета Томовска, Ристо Самарџиев, Ленче Кукиќ, Горан Кукиќ, Елена Андоновска, Душко Георгиевски, Петар Младеновски (Суперхикс) и Агни Авшар.
Вториот концерт Јонче Христовски Симфонија ќе се одржи денес во Скопје, во Национална опера и балет од 20ч. Веруваме дека и овој концерт ќе биде феноменален и ќе придонесе многу за зачувување и промовирање не само на ликот и делото на Јонче Христовски, туку и на македонското музичко наследство и култура. Не пропуштајте го вториот концерт!

За повеќе фотографии од концертите и информации за идни настани посетете ја страната на Камерниот оркестар на Битола ⋮IWConnect www.chamberorchestrabitola.com или нивните профили на Facebook и Instagram.

Фото: Диоген Хаџи-Коста Милевски

Можеби ќе ве интересира: