Во прв ред

На 17-ти мај во Македонската филхармонија голем концерт на Борис Новковиќ

Како што дознава музичкиот портал Музика24, на 17-ти мај со почеток во 20 часот во Македонската филхармонија голем солистички концерт ќе одржи популарниот Борис Новковиќ. Концертот насловен „Куда иду изгубјене девојке“ ќе претставува интимна средба со македонската публика каде Новковиќ ќе ги отпее своите најпознати хит рефрени.

Влезници се во продажба онлајн на ticketx.mk или во продажната мрежа на Ticketx ширум Македонија по следните цени и категории:

  • Сектор А – 1.200 денари/1.500 денари
  • Сектор Б – 1.200 денари/1.500 денари
  • Сектор Ц – 1.200 денари/1.500 денари

Можеби ќе ве интересира: