Балканленд

Музичкото шоу “The Four” доаѓа во регионот

Оваа есен, во Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина ќе се емитува најновото музичко шоу, наследник на популарните “Идол” и “Икс фактор”. Се работи за прилично ново лиценцирано ТВ шоу кое две сезони се емитува во САД на мрежата на “FOX”, а оригинално потекнува од израелско шоу “The final four”.

https://www.facebook.com/tlzpsrb/videos/2325603341089990/

Шоуто го работи “Емоушн” продукција. Во чие портфолио се популарните формати “Операција Триумф”, “Големиот брат” и “Твоето лице звучи познато”.
Станете дел од познатата четворка оваа есен и покажете ги своите вокални квалитети. Пријавувањето е во тек преку веб-страната на продукцијата.

Можеби ќе ве интересира: