World Music

Фотошоп му ја зголеми “машкоста” на младиот Џастин Бибер

Тинејџерската ѕвезда Џастин Бибер повторно стана предмет на исмејување и тоа овојпат поради рекламите за долна облека на “Келвин Клајн”. Имено, набрзо по стартот на новата кампања на светскиот бренд “Келвин Клајн”, на чии реклами се појавува Бибер во долна облека, на социјалните мрежи беа објавни фотографии необработени во Фотошоп, на кои се гледа дека на пејачот му е направено по мажествено торзо, дека му се додадени влакна и дека му се нагласени стомачните, но и други мускули на телото.

Но, она што привлече најголемо внимение е фотографијата со која се докажува дека “машкоста” на Џастин е зголемена благодарение на Фотошоп. Порталот “Брети Хеви”, кој ги објави фотографиите, повикувајќи се на анономни извори кои и му ги доставиле снимките, наведува дека за време на фотосесијата младиот Бибер “се однесувал како идиот” и дека и се додворувал на манекенката Лара Стоун, која целосно го игнорирала.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: