Балканленд

Вирално-Instagram: Трендови за 2021

Од оваа среда па секоја наредна ќе може да прочитате многу совети, трикови па и помош како да станете вирални.

Живееме во време во кое важи некое непишано правило, ако ве нема на интернет ве нема никаде, но како вашите профили да бидат подобри, да дојдете до поголема публика и да заработите зошто да не, ние се обративме кај стучни лица, момците кои се вирални на Инстаграм, Дигитален свет и ги замоливме да ни дадат одговор на некои прашања, но и да ни помогнат да станеме вирални, ние и вие заедно.

А Вам ако ви се допадне кој текст споделете го, коментирајте и пишете што следно сакате да читате.

Кои се трендовите на Инстаграм за 2021 година?

ШОПИНГ
Со воведувањето на Instagram Shop (сè уште не е достапен кај нас), се создаде поедноставен начин давајќи им можност на корисниците да пребаруваат производи за купување директно преку Instagram. Во иднина Instagram има за цел да ја унапреди оваа шопинг платформа да се купуваат производи директно преку Instagram. ⁣

КРАТКИ ВИДЕА⁣
Со експанзијата на TikTok, Instagram одлучи да воведе Instagram Reels, кратки видеа од 15 -30 секунди кои се слични да не кажеме и исти како TikTok видеата и главниот фокус е да се популаризирааат овие видеа преку оваа опција. Reels имаат голема шанса да станат вирални бидјеќи алгоритмот ја фаворизира оваа опција, а исто така и не се прикажуваат реклами. 

CAROUSEL & MEMES⁣
Тие се совршени за растот на профилот, бидејќи најмногу се споделуваат и чуваат со опцијата save. А кога лајковите ќе исчезнат, се предвидува дека содржината што ќе се споделува и ќе се зачувува ќе стане уште поважна во 2021 година.⁣

ИНФЛУНЕСЕР МАРКЕТИНГ
Инфлуенсер маркетингот е на пат да стане индустрија од 15 милијарди долари до 2022 година, што значи само едно: инфлуенсерите ќе останат тука.⁣

АВТЕНТИЧНОСТ НА ОПИСИТЕ И МИКРОБЛОГИРАЊЕ ⁣
Автентичноста на Instagram е тренд кој расте и се предвидува дека ќе расте уште повеќе во 2021 година. Сè повеќе инфлуенсерите и другите креатори ја користат оваа платформа да го споделат своето мислење и знаење на разни теми. ⁣
Кога се зборува за автентичноста уште една причина за нејзиниот раст е и микроблогирањето за кое се предвидува дека ќе процвета во 2021 поради воведувањето на Instagram Guides.⁣

Добро е да се следат трендовите, но секогаш прво треба да слушнете што сака вашата целна публика и содржината да ја креирате според нивните потреби и барања.

Доколку имате проблем со промоцијата на бизнисот на Instagram, не ви е среден профилот, не знаете како да дојдете до вашата целна група или генерално не знаете како фукционира Instagram за бизнис цели, E-Book е буквално водич со чија примена ќе добиете резултати. Сè што ве интересира ќе го најдете на едно место, а доколку имате некои прашања може слободно да ги поставите.⁣

▪️Може да го нарачате во DM или преку e-mail [email protected]
До истиот имате пристап само преку вашиот e-mail засекогаш, а во иднина кога ќе се унапредува/ажурира секогаш ќе ја добиете најновата верзија. ⁣

Автор Дигитален Свет

Можеби ќе ве интересира: