Премиера

Музика во книга: Дознајте како се создава етио-џез

Мулату Астатке е таткото на етио-џезот. Тој е еден од најзначајните синови на културата на Етиопија и воедно еден од најуспешните џез-музичари на светот. Астатке бил првиот музичар од Етиопија школуван во странство (Лондон, Њујорк и Бостон) и првиот африкански студент примен на престижниот музички колеџ „Беркли“, кој во 2012 година го наградува со почесната титула Доктор по музика. Како водач на неколку групи, тој свири вибрафон и конги – инструменти што ги пренел во етиопската популарна музика, заедно со други ударни инструменти, клавијатури и органа. Поширока слава меѓу западната публика доживува во 2005 година, кога се појавува како автор на седум композиции од саундтракот за филмот „Broken Flowers” на Џим Џармуш.

Книгата „Мулату Астатке: Како се создава етио-џез“ претставува осврт на животот и музиката на овој 70-годишен музички иноватор, композитор, аранжер, инструменталист, радиопрезентер, сопственик на клуб и семеен човек, кој и ден-денес живее и работи во Адис Абеба, со ист жар и со иста живост како и во неговата младост. Книгата е дел од проектот на Универзитетот на Етиопија, во соработка со Зома центарот за современа уметност. На македонски јазик ја издаде издавачката куќа Арс Ламина.

Дознајте како се создава етио-џез со купување на книгата преку веб-страницата literatura.mk и во книжарниците на „Литература“ во Скопје и Битола. Кои се наоѓаат во Т.Ц. БуњаковецГТЦВеро ЦентарСити молул. „Македонија“ во Скопје односно на Широк сокак во Битола. 

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: