Магазин

Дали сте забележале: Виолетова боја нема на ниту едно знаме на држава

Постојат 194 независни држави во светот, секоја со свое знаме како симбол. Тие се со различни бои, украсени со најразлични елементи – змeјoви, орли, sвезди. Сепак, ниту едно нема виолетова боја.Виолетовата била прескапа!

Во античко време се добивала од посебен вид морски полжави од Средоземното Море. Потребни биле над 10.000 полжави за само еден грам боја, па тие ја вреднувале оваа боја колку златото. Најчесто ја поврзувале со кралските семејства затоа што само тие имале можност да ја носат. Во 16 век, кралицата Елизабета наредила само членовите на кралското семејство и никој друг да не носи виолетова.

Оваа боја понекогаш беше скапа за самите владетели. Римскиот император Аурелиј и зaбpaнил на својата сопруга да купи свилена пурпурна шамија, затоа што во дукати чинела трипати повеќе од тежината на самиот цар.

Едно шише виолетова боја чинело три златни плочки, што ако би се превело на денешните валути, би значело околу 50.000 евра. Тој статус се сменил дури во 1856 година кога студент на британскиот универзитет, Вилијам Хенри Перкин, додека се обидувал да најде лек за мaлapијa, случајно открил начин за производство на синтетичка виолетова боја.

Бидејќи неговото производство било значително олеснето, виолетовата станала достапна за сите, и не е изненадувачки што се појавува на одредени знамиња кои се појавиле по 1900-тите години.

Можеби ќе ве интересира: