Магазин

Дали знаете како настанал бурекот? (Фото)

Веројатно сте ја слушнале приказната дека вистинскиот бурек се прави само од месо, а сите останати варијанти се пити. Бурекот е составен дел од гастрономската култура на Балканот. Иако традиционално се јаде како закуска, најчесто со јогурт или кисело млеко, секогаш се наоѓа некој кој ја брани тезата дека бурек е само оној со месо.

Бурекот потекнува од Турција. Дури е и постар од Турција и се верува дека тоа јадење го правеле старите турци уште во нивната татковина во централна Азија. Етимолошки, поврзан е со турскиот збор Бур – што значи превиткување. Затоа во Турција се уште постои најголем избор на бурек кој се разликува во полнењето и облиците: од мали ролни наречени sigara buregi (цигара-бурек), полумесечен cig boreg (суров бурек) пржен во масло, па се до вообичаениот su buregi (воден бурек) кој е најмногу сличен на оној кој се прави на Балканот, во форма на голем круг сечен на четвртини.

Турците со своите освојувања го донеле бурекот на Блискиот исток и на Балканот, па така бурекот започнале да го прават и арапските бедуини, а го превзеле и сефардските Евреи, кој во голем број се населиле во Отоманската империја, откако биле протерани од христијаните во Шпанија.

Покрај западните земји, бурекот стигнал и до земјите од Магреб (каде е познат како брик), исто така и во северна Италија каде го донеле сефардските Евреи (во Италија се нарекува burriche и исклучиво е полнет со слатко полнење како џем од мандарини). Благодарение на Татарите бурекот освои голем дел од пранешниот СССР на исток, достигнувајќи и до северноевропските кујни како литванската и полската. Во оваа огромна област, бурекот може да се сретне во сите варијанти на полнење – од вообичаеното месо, сирење, спанаќ, па се до необичните како кисела зелка, леблебија, туна, а има и празен бурек.

На територијата на поранешна Југославија бурекот пристигнал кон крајот на 15-от век, кога во Ниш, Република Србија бил создаден рецепт за кружен бурек. Па поради тоа на Ниш му е доделена титулата за предок на балканскиот бурек. Таму во 2011-та е испечен најмалиот, но и најголемиот бурек на светот. Најмалиот бурек е испечен во капаче од пиво, додека најголемиот е со површина од 8 метри квадратни и тежок 200 килограми.

Можеби ќе ве интересира: