Магазин

Годишен хороскоп: Јарец, Водолија и Риби (Фото)

Почитувани читатели, ова е последниот дел од рубриката “Годишен хороскоп” во делот за забава, а која што започна со започнувањето на Новата 2020-та година. Денес ви го претставуваме годишниот хороскоп за знаците: Јарец, Водолија и Риби. Напоменуваме, за подетални информации за вашиот хороскопски знак, детални прогнози или слично, обратете се кај познат астролог кој што детално и професионално би ви кажал многу повеќе за васиот хороскопски знак.

  • Јарец

На оние кои се родени во знакот на Јарец, хороскопот за 2020-та им предвидува стабилни љубовни и пријателски односи. Во текот на годината ќе се фокусирате на создавање свет во кој отсекогаш сте посакувале да живеете. Љубовта ќе биде поволно поле за напредок и градење поголема стабилност во 2020-та. Ќе бидете отворени кон нови можности кои водат до зацврстување на односите и сигурност, а децата ќе играат голема улога низ наредните 12 месеци.

Исто така, не заборавајте на детето во себе и дозволете си да откривате нови работи и да се препуштите на она што ве прави среќни, како во безгрижните детски денови.

-Работа и финансии

Во 2020-та, професионалните цели на Јарците ќе бидат појасни и дефинирани. Ќе ви бидат потребни старите контакти за да постигнете поголем успех во работата, но и создавањето на нова мрежа контакти и клиенти ќе биде неопходно.

Односот со колегите и надредените исто така треба да ви биде во фокус, ако сакате да се истакнете и покажете во добро светло.

Што се однесува до финансиите, Јарците може да искусат некои потешкотии во 2020-та, но ве очекуваат и многу позитивни можности. Не заборавајте на вашите цели и стремете се кон остварување, но имајте го обѕир вашиот буџет. Ќе научите како подобро да управувате со буџетот, па ќе одржувате контрола за да не дојде до непосакувани ситуации.

Генерално на поле работа и финансии, нема да има некои посебни драми, истакнати успеси или падови, па држете се до една константа без многу промени. Сепак, кон крајот на годината ќе ви се отворат шанси за напредок, па размислете добро.

-Љубов

Во 2020-та животот ќе ви се врти околу љубовното поле. Сега е време да ја крунисате љубовта ако сте во долга врска или да отидете чекор понапред, бидејќи на видик се веридби, свадби, па дури и нови членови во семејството.

Важно е во текот на 12-те месеци да одржувате меѓусебно разбирање и да не заборавате што ви е потребно меѓусебно со партнерот, за да не навлезете во непосакувани ситуации. Ќе успеете да направите добар баланс помеѓу работата и љубовта, семејството и домот. Кон средината на годината комуникацијата уште повеќе ќе се подобри, па ќе уживате во среќни моменти.

Ако не сте во врска, а сакате, тогаш не се затворајте дома, бидејќи вашиот круг на пријатели е одличен извор за запознавање нови луѓе кои имаат потенцијал за врска.

Ќе ги ширите познанствата во текот на целата година, ќе бидете отворени и комуникативни, а тоа ќе ви донесе потенцијални партнери, со кои ќе имате многу заеднички работи. Немојте да се изненадите и ако паднете на некој со кого немате толку заеднички работи и почне да ви се допаѓа нешто сосема поразлично.

-Здравје

Ако работите повеќе на менталното здравје и на подобрување на сопственото јас, како и на целокупната добросостојба, не значи дека треба да оставите надворешниот изглед да пати. Првенствено заради подобро целокупно здравје, па потоа заради изглед, не заборавајте да му обрнете внимание на вежбањето и правилната исхрана. Нема да имате посебни промени и проблеми во здравствената состојба, но сепак правете ги редовните рутински контроли.

  • Водолија

Во 2020-та година Водолиите ќе најдат сила да си простат самите себе си за погрешните одлуки кои што ги носеле во минатото, а скапо ги чинеле. Ќе ви биде многу тешко, бидејќи вообичаено не сте самокритична личност, но тоа ќе ви помогне да имате повеќе љубов и разбирање за самите себе.

Ќе исправите многу свои грешки и благодарение на тоа ќе постигнете резултати кои многу одамна ги посакувате. Ќе се почувствувате многу слободно, а ниту една пречка нема да ве запре во реализацијата на своите цели. Може да се случи да обновите контакт со личности од кои се одалечивте претходно.

Ќе промените и многу лични верувања и конечно ќе ги проширите своите граници и видици, а ќе превземете и ризици кои ќе сфатите дека всушност и не биле толку страшни колку што изгледале.

-Работа и финансии

Во 2020-та ќе бидете работник за пример пред целиот колегиум. Нема да ви биде тешко ниту да дојдете порано на работа, ниту да останете прекувремено, ако тоа е потребно. Вашиот труд ќе резултира со финасиска добивка, но и со стручна надоградба која ќе ви ја организира самата компанија во која работите.

Ако сте невработени, ќе има краток период во кој би бидете разочарани затоа што ниту едно интервју не помина добро. Но, на сметка на тоа, ќе може да заработите на хонорарни проекти кои ќе ви донесат солидна заработувачка.

Во средината на годината ќе имате непланирани трошоци, после кои ќе ви биде потребно време за да закрепнете, но ќе ви помогнат блиски луѓе. Кон крајот на годината ќе добиете поголем прилив на финансии и ќе сакате да ги вложите во нешто што вам ви е важно.

Ако студирате, ќе имате многу обврски кои ќе мора да ги завршите за кратко време. Не избрзувајте, туку паметно одредете ги приоритетите и резултатите нема да изостанат.

-Љубов

Може да се случи да обновите врска со личност поради која сте страдале во минатото, а уште не сте ја преболеле. Но, претходното искуство ве научи да бидете повоздржани, па и затоа не треба веднаш да откривате како се чувствувате. Ако сакате овој пат врската да успее, морате и вие и вашиот партнер да имате послободна и посериозна комуникација, како и да се ослободите од стравот да бидете повторно повредени.

Ако сте во врска, ќе сакате секој миг да го поминете со партнерот. Можно е да заминете на патување на кое подобро ќе се запознаете. Ова патување ќе биде знак дали е време да започнете со заеднички живот или пак, тој чекор да го одложите за следна година.

Ако сте во брак, чувајте се од афери, бидејќи многу лесно ќе паѓате во искушенија. Со тек на време ќе сфатите дека таквото однесување не вреди за ризикот.

-Здравје

На самиот почеток од годинава ќе бидете полни со енергија и многу ќе ви се работи. Но, кога ќе почнете претерано да се заморувате, ќе забележите и пад на имунитетот. Снабдете се со доволно витамини и здрави намирници. До крајот на годината нема да имате никакви посериозни здравствени проблеми, но само доколку се држите до здравиот животен стил.

  • Риби

Оваа година (2020 година) ќе го правите сето она што го сакате, без да водите сметка што другите мислат или ќе речат за вас. Ќе го живеете својот живот според своите параметри, надвор од наложените граници од околината. Ќе ги почитувате луѓето кои ве почитуваат вас, ќе се одлободите од стравот од критики и коментари и конечно ќе сфатите дека другите треба да се срамат од неумесни изјави, а не вие од нивните.

Ќе уживате во секојдневието. Можно е да вдомите милениче кое ќе ви го разубави животот. Многу ќе читате, ќе шетате, ќе се посветите на себе си и хобијата, а тоа ќе ви помогне да се одморите и да се исполните со позитивна енергија. Во текот на годината ќе имате периоди кога ќе сакате да бидете сами, но и кога ќе сакате да бидете постојано во друштво.

Накратко кажано, 2020-та година ќе ви биде многу повозбудлива отколку што сте можеле да претпоставите.

-Работа и финансии

Размислувате да започнете сопствен бизнис или да запичнете да заработувате со работа на интернет. Ќе прифатите понуда што првично ви изгледа непреспективно, но ќе сфатите дека и не е толку лошо колку што изгледа. На крај ќе сфатите дека таа одлука ќе ви направи среќни.

Ако сте вработени, покрај постојаната работа, ќе имате и хонорарни ангажмани за да моќете полесно да излезете на крај со трошоците. Но, кон средината на годината ќе најдете подобар начин како да се справите со тој проблем.

Студентите ќе се опуштат малку по празниците и ќе пропуштаат предавања, но веќе од февруари ќе го “загреат” столот и ќе ги подготват испитите, во паника дека нема да постигнат да завршат се во дадениот рок.

Што се однесува до финансиите, на самиот почеток на годината нема да ви цветаат рози на ова поле, па ќе мора попаметно да ги планирате парите. Но, во текот на годината ќе добиете значаен прилив на пари кои буквално ќе ве извлече од бездна, па дури ќе успеете и да заштедите за да имате за “црни” денови или за да купите нов мобилен телефон, лап топ, па можеби и дури поволен автомобил.

-Љубов

Во 2020-та година се можни големи пресврти, од типот прекинување на долга врска, бидејќи сметате и ви е јасно дека личноста со која сте не е таа со која што сакате да го поминете остатокот од животот. Нема да биде лесно, особено што другата страна нема да го прифати тоа, но најважно е да истраете во својата одлука и да не се враќате онаму каде знаете дека воопшто не сте среќни. На крајот на годината една личност ќе ги открие чувствата кои подолго време ги има кон вас, а вие ке бидете навистина изненадени.

Ако сте сингл, промените ќе дојдат на начин на кој најмалку сте се надевале. Кон средината на годината ќе започнете врска со личност која ја запознавте поодамна, преку знаеднички пријатели. Иако на почетокот нема да изгледа сериозно, со текот на времето ќе ви стане јасно дека веќе сте изградиле стабилен и квалитетен заеднички однос.

Ако сте во брак, решавајте ги проблемите додека се мали и не дозволувајте да се натрупаат и да станат тешки и нерешливи.

-Здравје

Оваа година за разлика од минатата, ќе бидете здрави како дрен. Душата ќе ви биде исполнета со внатрешен мир, телото ќе ви биде полно со енергија и истото ќе биде витално. Ќе внимавате на исхраната, редовно ќе одите на лекарски прегледи и нема да се нервирате за глупости, ниту пак со неважни личности. Престанете да користите агресивни детергенти и козметички средства и доколку сте во можност, употребувајте ги нивните природни варијанти.

Можеби ќе ве интересира: