Музика на кирилица

Новиот рок бенд “Legal Suicide” ќе се потруди да ја освои публиката

Sound & Art Production ви најавува нов елитен бенд “Legal Suicide” кoj е рок-метал бенд и се состои од пет члена: Симеон Ангеловски (вокал), Воислав Петров (гитара), Влатко Ристов (гитара), Мартин Трајков (бас гитара) и Стојанче Миров (тапани). Бендот го оформија Воислав и Симеон за потоа да се придружат останатите членови. Ова е нов бенд кој ќе се промовира со авторска музика.

Тапанарот Стојанче Миров доаѓа од главниот град Скопје, свири тапани веќе три години, обожава метал музика, иако не се носи со тој стил. Студира во Скопје, Музичка Академија – Ударни инструменти. Гитаристите се од Кочани. Басистот Мартин свири осум години. Обожава панк, иако слуша секаков вид музика. На Влатко гитарата му е приоритет околу десет години. Тој е голем фан на рок и метал музиката. Воислав свири на гитара веќе единаесет години. Тој свири класика, џез, блуз ,но метал музиката му е во срцето, има долга коса и се носи во тој металскиот стил. Вокалот Симеон Ангеловски кој доаѓа од Македонска Каменица го посветува вниманието на пеење и на свирењето хармоника. Слуша секаков вид на музика. И вели дека во овој бенд се собрале вистинските луѓе и ја свират музиката што секој од нив ја сака.

Првиот сингл е снимен во Sound & Art Production каде што аранжманот е на Воислав и Симеон, а за текстот се погрижи само Воислав, додека продуцентскиот дел го изврши Никола Тефов, за кој во неколку наврати пишувавме до сега и е доста познат по неговите cover и авторски песни кои се произведени дела од Sound & Art Production. Се подготвува и видео запис кој ќе биде снимен и измонтиран во истата продукција. Никола Тефов ќе ја има улогата на режисер и монтажер, а Владимир Карловиќ е оној кој ќе ги долови сите врв моменти во кадар.

Бендот “Legal Suicide” има планови, по издавањето на првиот сингл со видеото, да продолжи со снимање на цел албум. Исто така планираат во јавноста да се афирмираат преку бројни настапи и концерти.

Подготви: Сања Неткова

Можеби ќе ве интересира: