Во прв ред

Богата програма за сечиј вкус во април и мај во INclusive диско

Пред 3 месеци, INclusive диско почна да испишува нова страница на ноќниот живот во Охрид. Позади нас се дваестина одлични журки кои привлекоа стотици гости а беа исполнети со музичка програма во која секој можеше да се пронајде. Од Амадеус бенд, Амар Гиле, Милица Павловиќ… па до Таско, Лозано, Тони Зен, Mike Ride и DJ Face. А да не ги заборавиме и нашите Драган Темелков и Зоран Илиев кои се редовни на програмата. Успешната приказна продолжува оваа пролет…

Во периодот што следува Ве очекува разновидна програма за сечиј вкус. За љубителите на рокенрол звукот, на 9-ти април од Нови Сад доаѓаат Tribute to Bijelo dugme by Klin. Составот во кој членуваат музичари од „Дивље јагоде“ и „Црвена јабука“ unplugged ќе ги изведе хитовите на најпознатиот рок бенд на нашите простори. За оние пак кој преферираат електро, 15-ти април e резервиран за македонското електронско дуо „Cyrillic“. Пред нас е и празничен период па за сите оние кои Велигденските празници ќе ги поминат во Охрид, INclusive диско ќе биде отворено и за продолжениот викенд од 21-ви до 24-ти април. По Велигден следува уште еден продолжен викенд за 1-ви мај кога на сцената на INclusive ќе настапат две исклучително познати имиња од соседството. Охрид е омилена празнична дестинација за сите а ова е уште една причина да го изберете Охрид и да бидете во епицентарот на ноќниот живот за празниците пред нас.

Не заборавајте да ги следите на социјалните мрежи Facebook и Instagram, за да на дознаете што Ве очекува за првомајските празници а брзо по празниците ни доаѓа летото а дури тогаш следува кулуминација на забавата во INclusive диско.

Можеби ќе ве интересира: