Во прв ред

Големиот музички хепенинг на „Битола Отворен Град“ посветен на македонската музика (Фото)

Големиот музички хепенинг на 23-то издание на „Битола Отворен Град“ е посветен на македонската музика. „Архангел“ култниот македонски бенд предводен од легендарниот Ристо Вртев на главната фестивалска вечер на 28 јуни (петок) на Ракометното игралиште во Битола.

На концертот ќе настапат и македонскиот рок бенд со најмногу хитови „Ареа“, како и битолскиот продуцент и DJ Ile the Hair со една авторска урбана вечер на македонска музика. Влезниците за фестивалската вечер на „Битола Отворен Град“ по цена од 600 денари се пуштени во продажба онлајн преку мрежата и продажните салони на mktickets.mk

23-то издание на „Битола Отворен Град“ е причина да се биде во Битола.

Можеби ќе ве интересира: