Во прв ред

Лидија Вукичевиќ и балетот „Госпоѓиците од Авињон“ гостуваат во Битола

Центарот за култура – Битола продолжува со богата програма и во месец април. После успешно реализираните концерти во чест на Аки и Тоше во февруари и концертот на Раде Шербеџија во март, програмата за април е уште поатрактивна.

Имено утре, 9-ти април во Центарот за култура гостува претставата „Чекајќи го министерот“ во која играат Самир Гициќ и Сашо Ристовски а главна ѕвезда е познатата Лидија Вукичевиќ. После 2 години од првично закажната изведба познатата Лилика од „Жикина династија“ и Виолета Попадиќ од „Бољи живот“ гостува во Битола.

За љубителите на балетот, на 19-ти април гостува Националната опера и балет со балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“, за која музиката ја направи поп-дивата Калиопи. A настапуваат: Александра Мијалкова, Мими Поп-Алексова Атанасовска, Ивана Коцевска, Саша Евтимова, Христина Наќевска, Мирослав Митрашиновиќ, Балаж Лашеи, Агим Бафтии, Ендру Кук.

На 28-ми април гостува македонска театарска претстава од продукцијата на Театар Провокација. Се работи за претстава „Разведи ме/Две нијанси црвена“.  Во претставата „Разведи ме“ во улогите на брачните партнери на сцена ќе играат Мирјана Поповска Ристов и Роберт Ристов, а во снимените видеа играат актерите Зорица П. Панчиќ (како Марта), Љубиша Савановиќ/гостин од  БиХ (љубовникот) и Благоја Чоревски (таткото).

Можеби ќе ве интересира: