Магазин

Инстаграм ја претстави својата верзија на популарната апликација ТикТок (Видео)

Фејсбук официјално го објави Instagram Reels, свој одговор на популарната платформа TikTok, која сега стана достапна ширум светот. Reels им овозможуваат на корисниците да создадат видео за 15 секунди и да го подобрат со најразлични визуелни и звучни ефекти.

Корисниците ќе имаат пристап до услугата Reels директно преку камерата на Instagram. Исто така, ќе биде можно да се гледаат содржината на Reels на други креатори директно од Explore tab.

Како да го кориситите Instagram Reels? Погледнете во продолжение:

Во својата објава, Фејсбук посочи дека Reels потекнува од неколку алатки за обработка на видео, вклучувајќи каталог на звуци и АР ефекти, пренесува Ројтерс. Од Фејсбук наведуваат дека Reels ќе бидат достапни за сите корисници, но доколку имаат приватен профил, нивните видеа на Reels нема да се појават во Explore tab.

Исто така, покрај објавувањето на содржината на Reels директно во нивните feed, корисниците можат да ги објавуваат и Reels директно во делот Stories. Објавувањето на Instagram Reels пристигнува во вистинско време кога популарната апликација TikTok е во судир со американската администрација и е забранета во Индија.

Американскиот претседател, исто така, се заканува дека ќе потпише извршна наредба со која се забранува TikTok во САД, а Фејсбук би можел да го пополни можниот јаз со услугата Intagram Reels.

Можеби ќе ве интересира: