Магазин

Здравко Чолиќ „тежи“ 25 милиони евра (Фото)

Според познатиот американски сајт „Celebritynetworth“, Здравко Чолиќ е еден од најбогатите пејачи на Балканот. Според податоците од 2021 година, неговото богатство се проценува на 25 милиони евра.

Иако има толку милиони, популарниот Чола отсекогаш бил скромен, а сега тоа го докажа уште еднаш – со изборот на својот часовник. Така, пејачот на зглобот носи часовник вреден „само“ 2.000 евра. Како што стои на Инстаграм профилот „Sat na ruci“, се работи за часовник од брендот „TAG Heuer Carrera“ со челично куќиште и функција хронограф.

Здравко отсекогаш нагласувал дека финансиите отсекогаш му биле слаба страна, иако по професија е економист.

„Човекот не може да го смени темпераментот, не мислам на начинот на трошење и начинот на живеење, но тоа ми беше малку претерано и така е и денес“, изјави тогаш Чолиќ.

Тој откри на што најмногу ги трошел хонорарите.

„Никогаш не сме имале толку високи хонорари. Патувањето и гардеробата беа фетиш во седумдесеттите и осумдесеттите. Никогаш немав големи материјални желби. Моето беше да одам некаде, на море или да направам некоја забава и да потрошам таму, но никогаш немав желба да купам часовник. Не страдав од тоа“, скромно изјави пејачот.

Можеби ќе ве интересира: