Фестивали

Србија, Хрватска и Словенија влегоа го големото саботно финале на Песна на Евровизија

Спектакуларно започна годинешното 68-мо издание на Песна на Евровизија во Малме, Шведска. За титулата најдобра песна во Европа ќе се натпреваруваат претставници од 37 земји, во две полуфинални вечери од кои десет ќе влезат во големото финале.

Директно пласирани во финалето се домаќинот Шведска, потоа петте големи земји познати како „големата петорка“ – Германија, Обединетото Кралство, Франција, Италија и Шпанија.

Вечерва настапија: Кипар, Србија, Литванија, Литванија, Ирска, Украина, Полска, Хрватска, Исланд, Словенија, Финска, Молдавија, Азербејџан, Австралија, Португалија и Луксембург. Претставиците на Ирска предизвикаа вистински шок на сцената. Србија настапи втора, Хрватска седма, а Словенија деветта.

Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија не учествуваат ниту оваа година поради финансиски причини. Година за првпат во исто полуфинале се најдоа сите земји учеснички од поранешна Југославија (Србија, Хрватска и Словенија), што досега не се случило.

Додека траеше гласањето, на сцената се појави Џони Логан и ја отпеа победничката песна од минатата година Еуфорија. Тој е апсолутен рекордер на Евровизија со три победи, двапати како изведувач и една како автор на победничката песна. На сцената покажа дека и на 70 години, се уште е маестрален пејач.

Годинава се воведува промена во гласањето во големото финале. Гледачите повеќе нема да чекаат да се изведе последната песна, туку ќе гласаат за своите фаворити од самиот почетокот. Овој начин на гласање се користеше во 1997 година, кога првпат беше воведено телефонското гласање и во 2010 и 2011 година.

Во финалето влегоа Србија, Португалија, Словенија, Украина, Литванија, Финска, Кипар, Хрватска, Ирска и Луксембург.

Можеби ќе ве интересира: