Магазин

Од грлата на 508 млади полицајци во Идризово отпеана „Бисер Балкански“ (Видео)

Петстотини нови полицајци од кои 416 мажи и 92 жени ја испеаја „Бисер Балкански“ по денешната свечена церемонија во Центарот за обука во Идризово, откако ја завршија едногодишната обука.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски истакна дека полицајците ги очекува една нова етапа. Им порача дека секој од нив е креатор на сопствената среќа, оти нивниот успех зависи од самите, но и дека законот мора да се почитува. Техничкиот премиер Талат Џафери, честитајќи им на новите припадници на полицијата, посочи дека да се биде на првата линија на безбедноста е благородно и во исто време многу одговорна должност.

Можеби ќе ве интересира: