Балканленд

ВИРАЛНО-5 МИТОВИ ЗА ИНФЛУЕНСЕРИТЕ

Инфлуенсерите се влијателни личности и се многу флуидна категорија која се менува секој ден, поради тоа постојат многу митови и нејаснотии за истите. Да разјасниме веднаш, ова не се однесува на какво било влијание, туку на влијанието на социјалните мрежи. Има многу непознати личности кои поради некоја причина (талент, вештини итн) ги следат огромен број луѓе и токму тие се инфлуенсери.⁣⁣
 ⁣⁣
Бројот на следбеници е еден од главните показатели, дали некој е влијателен или не. Но сепак постојат и микроинфлуенсери – личности кои на Instagram немаат голем број на следбеници, но кои имаат поголемо „влијание“, од инфлуенсерите со голем број на следбеници. Затоа, инфлуенсер може да биде личност која ја слeдат 150.000 луѓе, но исто така и онаа која ја следат само 5.000 луѓе па дури и помалку. 

⁣⁣Поважно од бројот на следбеници е нишата на влијателност. Така инфлуенсерите се делат по категории како Beauty, Travel, Fashion, Lifestyle, Food, Gaming, Fitness, Photo, Teen, Music, Business итн.⁣⁣
⁣⁣
Бројот на прегледи, следбеници и разни статистики и анализи може да ги дознаете доколку побарате Media Kit од лицето со кое ќе соработувате. Повеќето сериозни инфлуенсери тие информации ги имаат однапред подготвено. Доколку имате бренд и сакате да соработувате со инфлуенсерите бидете внимателни при изборот, бидејќи не секој е соодветен да го презентира вашиот бренд или производ.⁣⁣

Доколку имате проблем со промоцијата на бизнисот на Instagram, не ви е среден профилот, не знаете како да дојдете до вашата целна група или генерално не знаете како фукционира Instagram за бизнис цели, E-Book е буквално водич со чија примена ќе добиете резултати. Сè што ве интересира ќе го најдете на едно место, а доколку имате некои прашања може слободно да ги поставите.⁣

Може да го нарачате во DM или преку e-mail [email protected]
До истиот имате пристап само преку вашиот e-mail засекогаш, а во иднина кога ќе се унапредува/ажурира секогаш ќе ја добиете најновата верзија. 

Автор Дигитален Свет

Можеби ќе ве интересира: