Магазин

“Emirates Airline” го збуни интернетот со фотографија од “дијамантскиот авион”

Авиокомпанијата “Emirates Airline” го збуни интернетот со фотографија на која еден од нејзините авиони е опточен со дијаманти. Во објавата на Twitter со наслов: “Ви го претставуваме авионот Bling’ 777”, авиокомпанијата нагласи дека фотографијата е дело на Сара Шакил која е позната по фотошопирање на познати знаменитости и симболи на модерната поп-култура.

Иако авиокомпанијата јасно стави до знаење дека се работи за фотошопирана фотографија, корисниците на социјалните мрежи веднаш поверуваа дека фотографијата е вистинска и удрија на критикување на авиокомпанијата од Дубаи. Едни беа згрозени дека луѓе гладуваат додека авиокомпанијата се фали со дијамантски авион и сериозно загрижени за безбедноста на луѓето кои би летале со тој авион.

Една корисничка на Twitter дури праша: “Нели ова би пречело на аеродинамиката на авионот и би се одразило на безбедноста на патниците?” Други ја свртија на шега и пишуваа дека не би било лошо да се одлепи некој дијамант и да падне од небото, а се огласи и аеродромот Dulles со порака: “Ќе ве известиме ако најдеме некој паднат дијамант”.

Можеби ќе ве интересира: