Во прв ред

Новогодишно лудило со неверојатната, згодна и предуховита Мариана (Фото)

Одамна скопјани, а и сите вие кои живеете во овој наш град, се немате онака од срце насмеано. Секој ден е опкружен до политика, кој што и како рекол… Но, таа ќе ве насмее до солзи со своите совети, своите анегдоти и приказни околу најспомнуваниот поим во историјата, а тоа е сексот.

Велат дека војни се воделе за жени! Не бе пријатели, војни се воделе за да можеле потоа да имаат секс со тие жени, а не ручек да им готват. Во ова шоу ќе уживаат сите ваши сетила, и очите, и ушите и мозокот. Само стомакот ќе ве боли од смеење!

Доведете ги своите партнери, па можеби ќе ви текне нешто потоа и да “прераскажете” заедно. Ако сте момче и девојче, момче и момче, девојче и девојче, момче со кукла, девојче со помагало, за сите има по некој урнебесно смешен совет. Битно е да се зборува! Гласно! За секс!

Но, само по 21 часот и само доколку имате 18 години. Се гледаме на 20ти декември во Домот на АРМ во Скопје.

Генерален спонзор: Ресторан “Кај Џино” – ГТЦ Скопјe, Ексклузивен спонзор: umbrellashop.mk, Спонзор: Хотел “Амбасадор” – Скопје. И не заборавајте, картите можете да ги набавите на продажните места на kupikartizase.com по цена од 300 денари.

Можеби ќе ве интересира: