Магазин

Погледнете: Отворена најголемата џамија во Европа

Во чеченскиот град Шали е отворена најголемата џамија во Европа, тврдат локалните власти. Џамијата во Шали може да прими 30.000 илјади верници, а на нејзиното плато може да се соберат уште 70.000 илјади. Градбата на џамијата траела седум години, а свечено ја отвори претседателот на Чеченија, Рамзан Кадиров.

Објектот е прекриен со бел грчки мермер и украсен со чисто злато. Огромниот лустер во облик на лотос е украсен со сваровски кристали. Кадиров на отворањето ги замоли граѓаните во негова чест, кога ќе почине да изградат мала џамија.

Можеби ќе ве интересира: