Магазин

Светските научници велат: Кафето е корисно за вашата коса

Навикнати сте да се будите со шолја кафе. Потсвесно верувате дека без него не можете “да се одлепите од креветот”. Ве мами неодоливиот мирис, или чувствувате како да ви паднал притисокот. Покрај сите овие митови за кафето, овој пијалок може да биде многу корисен и за вашата коса. Така, бојосувањето на косата е нешто во коешто многу жени уживаат. Сепак, секој таков третман на косата и нанесува сериозни последици, а сериозна е и штетата којашто можеме да и ја нанесеме на кожата на скалпот.

Со користење на кафе таа штета се намалува, а косата дури може да стане поздрава. Ова се само некои од причините зошто кафето е добро за косата:

-Го стимулира растот на косата

Објавени се неколку студии кои објаснуваат дека со масирање на скалпот дозволуваме кофеинот да ја зголеми циркулацијата, а со тоа им помага на фоликулите да растат многу побрзо.

-Ја прави косата сјајна и здрава

Со користење зрна кафе ја хидрирате косата, ама и се чувате од регуларните хемикалии во бојата за коса.

-Ја потемнува косата

Користењето каде е сосема природен начин за потемнување на косата и сите тонови ќе бидат усогласени.

Можеби ќе ве интересира: