Музика на кирилица

Поддршка за Вања Лазарова (Видео)

Безвременскиот глас и национален уметник на Македонија и пошироко Вања Лазарова од вчера на фејсбук доби фан страна со која се покренува акцијата за поддршка за статус за добивање на национална пензија и признавање од страна на Државата како уметник кој дал многу за татковината.

Целата идеја беше поттикната благодарение на водителот Огнен Јанески од телевизијата 24 Вести кој даде свој мал придонес за зачувување на културните вредности кој се од голем значение за нашата држава, но и воедно да не потсети на она што треба да научиме за да го цениме она што ни е оставено како аманет за помладите генерации.

Да се потсетиме, Вања Лазарова ги има испеано најавтентичните фолклорни традиционални песни меѓу кој и “Со маки сум се родил јас” и уште голем број на песни кој се белег на македонското творештво. Таа е единствениот наш изведувач кој има настапувано пред британската кралица Елизабета II и премиерот Черчил, единствена и прва која има издадено албум за издавачката куќа “Philips”, непоколеблива пред ударите на ова наше денешно општество, сеуште верува во македонската музика. Го има почуствувано мирисот и на Истокот и на Западот, од Ерусалим до Њујорк, секаде со македонската песна во неа и сеуште со желба да ја споделува со сите нас.

Во продолжение да се потсетиме на интервјуто кое вроди со плод.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: