Музика на кирилица

ПОТСЕТУВАЊЕ: Благој Нацоски: Почитуван Слави, информирајте се пред да зборувате неточности

Почитуван Слави Т. Трифонов, баба ми покојна секогаш ми раскажуваше за два историски периоди кога била девојче: “за време српско” и “за време бугарско” мислејќи на српската окупација на Македонија до 1941 и потоа бугарската окупација од 1941 кога вие Бугарите бевте сојузници на Хитлер и Мусолини, факт од кој некако тешко ви оди да се засрамите а камоли да се извините за сите злосторства извршени врз македонскиот народ. Кога зборуваше за овие две окупации баба ми велеше дека и двете биле лоши но онаа бугарската била многу посурова.

Другата пак баба имаше сестра во Детроит преселена таму во 1930 година и омажена за Македонец од село Буф (Леринско) роден во 1898. Тие имаат 3 ќерки од кои две се родени пред втората светска војна а третата веднаш по војната. Трите ќерки се изјаснуваат и до ден денес како Македонки, бидејќи биле пораснати во тој дух, и тоа од родители родени околу 1900 година, кога според вашите политичари ние сме биле Бугари и нашиот македонски идентитет бил измислен од Тито во 1944.

Да не должам многу бидејќи имам безброј сведоштва и документи (странски) за да ги побијам сите бугарски аргументи односно лаги, само сакам да ве корегирам: “Јовано, Јованке” која “седи крај Вардар” е МАКЕДОНСКА песна!

Помирете се еднаш засекогаш, не сме “един народ”, освен фризурата и музиката јас и вие немаме ништо заедничко.

ПС. Терминот “северномакедонски” односно “северномакедонци” НЕ постои, информирајте се пред да зборувате неточности, не ви личи како ТВ личност!

Можеби ќе ве интересира: