Музика на кирилица

Потсетување: Легендата Џамбазов го извади македонското знаме во бугарското шоу на Слави Трифунов и ја запеаа „Хотел Македонија“

Кога ќе се спомне името Игор Џамбазов, никој во Македнија не останува рамнодушен. Но, овој легендарен човек, не само што не остава рамнодушен никој во Македонија, туку истиот во минатото има воодушевено и публики од други земји.

Игор Џамбазов пред многу години, во далечната 2001 година има гостувано во шоуто на популарниот Слави Трифонов. По самата најава на Слави, Џамбазов го стави македонското знаме на масата на популарниот бугарски шоумен, при што го започна своето гостување со зборовите:

“Е, вие цела историја тоа го сакате – знамињата да се близу едно до друго”, вели Џамбазов.

“Ако го тргнеме настрана романтичниот дел на историјата, ако пукне кај нас, ќе дојде и до вас, не во Бугарија, но до Бугарија”, му вели Џамбазов во тогашната емисија на Слави Трифунов. Џамбазов ја изведува и една од најпознатите негови песни „Хотел Македонија“, песна која се случи кога Македонија прими 350.000 бегалци од Косово.

Како звучеше Хотел Македонија во шоуто на Слави слуште во линкот подолу

Подготви: Редакција Музика24

Музика24 – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Можеби ќе ве интересира: