Музика на кирилица

Тумбао Салса Бенд со преработка на песната “Одам на југ” (Видео)

“Одам на југ” е насловот на новиот сингл на Тумбао Салса Бенд која што всушност е преработка од истоимената тема на групата “Автограм” која е оригинално изведена во 1985-та година. Музиката ја напишаа Драган Денковски и Мики Јовановски – Џафер, а текстот го потпишува повторно Драган Денковски.

Аранжманот на оваа преработка го изработи Петар Ренџов, а миксот и мастерингот на истата се на Александар Масевски. Оваа верзија на “Одам на југ” е во стилот на босановата кој е и препознатлив за Тумбао Салса Бенд. Сентиментална и опуштена нека биде вовед во убавите сончеви денови кои ни претстојат.

Во продолжение преслашајте ја новата преработка и уживајте.

Подготви: Александра Блажевска

Можеби ќе ве интересира: