Музика на кирилица

Васка Јанковска ја пее „Едерлези“ на Бреговиќ во популарниот филм „Борат 2“

Македонската артистка Васка Јанковска која е долгогодишен соработник на Горан Бреговиќ е дел од новото продолжение на хит комедијата „Борат“. Имено Јанковска е вокалот во песната „Едерлези“ која е дело на Горан Бреговиќ кое е дел од музиката за „Борат 2“.

По успешната соработка на првиот филмот „Борат“ во 2006 година, Горан Бреговиќ со својата музика уште еднаш го збогати претстојното и долгоочекувано продолжение на авантурите на казахстанскиот новинар Борат Сагдијев (Саша Барон Коен).

Во „Борат 2“, Борат ќе го започне своето патување од казахстански гулаг, каде што беше испратен од претседателот откако ја посрамоти својата татковина и е подготвен да стори сé за да го забавува „Мекдоналд Трамп“ на чело на „ветената земја“ на Америка.

Второто продолжение се отвора со „Едерлези“ на Бреговиќ, од познатиот филм „Дом за вешање“ на Емир Кустурица, компониран со мотиви на ромска музика и обработени во различни стилови. Борат во Америка од родното село во Казахстан е придружуван од „Калашников“, друга песна на Бреговиќ, компонирана за потребите на филмот „Андерграунд“ на Кустурица.

https://www.youtube.com/watch?v=sSX4bJrleTs&ab_channel=AndScene%21

https://www.youtube.com/watch?v=nJz0f10e0Es&list=PLDy0qshlwxFPY38AkON69PsnXO4MljQGx&index=2&ab_channel=AndScene%21

Во првото продолжение заедно со Бреговиќ, во саундтракот се појавија голем број реномирани музички уметници од ромска националност, како што се Есма Реџепова, „Кочани оркестар“ и Фанфаре Чиокарли, како и хрватската клавијатуристка Белинда Бедековиќ.

Можеби ќе ве интересира: