Премиера

24 Промо: „Donka of Macedonia“ – Сара Мејс (Фото+Видео)

Сара Мејс со „Donka of Macedonia“ го претстави нежниот македонски мелос преку својата харфа на светскиот онлајн концерт по повод Светскиот Ден на харфата. Концертот се одржа на денот на нејзиниот роденден, па така Сара имаше единствена можност на светот да му го подари својата несекојдневна музичка креација создадена за уживање и гордо претставување на Република Македонија на Светскиот Ден на харфата.

Сара за оваа композиција вели дека за нејзиното создавање е заслужна македонската песна „Се посврши Сербез Донка“. Инспирирана од старата македонска песна, Сара компонираше дело кое што заслужува да биде културолошки претставник на Македонија во светот на уметноста. Главната цел на Светскиот ден на харфата беше токму тоа, да се создаде плодна почва за културен дијалог помеѓу земјите, а харфата да претставува потсетник на мирот и единството на сите земји.

Сара Мејс изработи и едиторијал наречен „White Sands“ посветен на „Donka of Macedonia“. Едиторијалот во целост ја претставува Сара во својата слобода на творење заедно со харфата која што е парчето кое што нејзе ја дополнува за да биде целосна во своето изразување и постоење како уметник.

Можеби ќе ве интересира: