Премиера

“Eternal Dreamers” прв музички проект на Стојанчо Бучков (Видео)

Како и секогаш досега, така и овој пат музичкиот портал Музика24 ќе промовира и подржи едно ново име на македонската музичка сцена, кое што својата прва песна ја претставува со видео спот на англиски јазик. Станува збор за младиот Стојанчо Бучков од Гевгелија кој ни ја претставува неговата нова песна “Eternal Dreamers” или “Вечни сонувачи”. Музиката и аранжманот се дело на Joao Martins – Juonne, додека текстот е на самиот изведувач. Видеото пак го реализираше Димитар Новаков, со мала помош и сугестија на младиот пејач.

“Песната е стилски модерен поп и со неверојатен воздигнувачки и мотивирачки мотив. Јас бев учесник во последната сезона на “X Фактор Бугарија” и стигнав до финалето”, вели Стојанчо за себе и воедно додава дека убаво е и на младите музичари во Македонија да им се помогне и да се промовираат, како сите би дознале за нив.

Во продолжение ви го промовираме видео спотот за најновата песна на Стојанчо Бучков насловена “Eternal Dreamers”.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: