Во прв ред

Големиот ABBA Symphonic спектакл премиерно во Скопје

Оваа пролет во Скопје ќе има многу различни концерти и настани. Но, нема дилема дека проектот што го најавува Авалон продукција сега ќе биде најспектакуларен и најзабавен, a, со тоа, и најпосетен ако се земе предвид дека најголемата армија на обожаватели во светот е токму онаа на обожавателите на музичкиот феномен ABBA!

Проектот кој распродава концертни сали каде и да настапува низ Европа, премиерно доаѓа во Скопје да ги донесе сите хитови на ABBA; „Mamma Mia”, „Dancing Queen”,  „Money, Money, Money”, „Waterloo”, „Voulez – Vous” во придружба на симфониски оркестар, извонреден бенд и светска продукција за проект досега невиден во Скопје, не само кога е ABBA во прашање! Загарантирана, врвна забава со светски квалитет.

Влезниците ќе бидат во продажба од среда (20-ти март) во 9 часот наутро по следните цени и категории а сите влезници се седечки, вклучувајќи го и партерот: 1.000 денари – нумериран партер за седење и трибини, 1.500 денари – ВИП (мали количини на нумериран партер и ВИП трибина).

Можеби ќе ве интересира: