Музика на кирилица

DJ Мирко Попов (PMG) се бори за живот на скопските клиники (Фото)

Како што неофицијално дознава музичкиот портал Музика24, познатиот македонски музичар и основоположник на PMG production се наоѓа на една од скопските клиники каде се бори за живот. Како што дознава Музика24, тој доживеал тежок облик на мозочен удар.

Инаку, Мирко Попов е роден на 15-ти октомври 1972 година во Скопје и е еден од најпознатите македонски автори и продуценти на електронска музика.

Од 2008-та до 2010-та година бил и главен и одговорен урeдник на Канал 103. Во 1993 година ја формира Прогресивната Мултимедијална Група (ПМГ Колектив) во 1995 година од Мирко Попов и Александар Малевски, како манифест на акцијата која треба да го победи незадоволството од актуелната состојба.

Во 1998 година ја формирал ПМГ Рекордингс, дискографска куќа денес е водечка независна дискографска куќа во земјата, со повеќе од седумдесет изданија. Во 2011 година, со намера да ја отслика духовната атмосфера на ПМГ подиумот за танц, ја покренал етикетата Патерн ПМГ, специјализиран за електронска денс музика.

Има остварено повеќе улогии во театарски претстави, како и на филм. Се јавува и како автор на неколку музички дела за театар и филм. Режира една радио драма. Уредник е на неколку емисии што се емитуваат на скопското радио Канал 103, како и продуцент на електронска музика во склоп на ПМГ.

Можеби ќе ве интересира: