Во прв ред

Последни подготовки пред концертот на Николче Мицевски во Битола

Никола Мицевски, извонредниот музичар, композитор, аранжер, човек кој моќно стои позади клавијатурата за најпознатите македонски музички ѕвезди на нивните концерти и е дел од музичките записи на легендарните нивни песни, на 9 декември, овој петок со почеток во 20.00 часот на сцената од Големата сала на Центарот за култура, заедно со 15 врвни музичари, а негови соработници ќе го одржи својот солистички концерт на кој ќе го промовира албумот „New Era“.

„На концертот посветен на промоцијата на албумот „New Era“ сум среќен што на сцената ќе донесам една елитна екипа на навистина феноменални и талентирани музичари од овие простори. Со нетрпение очекувам да го претставам новиот материјал прво пред мојата битолска публика, зошто токму во Битола ја започнав својата музичка кариера. Ова ќе биде прв концерт, од ваков профил и сметам дека е важно да се искуси магијата на уживање во живо на музиката која зрееше во мене, подолг низ на години. Јас сум музичар кој континуирано создава и настапува, но таа музичка нитка, тој развој на идејата за „New Era„ има некој свој мој интимен континуитет, на фаза која преку енормното богатство на клавијатурите и сите придружни инструменти ја подарувам на публиката, која сум сигурен дека слушачки ќе ужива“ – изјави Мицевски пред концертот.

Проектот “New Era” претставува симбиоза на различни жанрови, едно филмско начело фузирано со етно, рок и електро основи во служба на пијаното и солистички инструменти.
едно одлично музичко и визуелно патување кое ги поместува стандардите и границите на македонската инструментална музика.
На фотографијата е дел од уметниците кои ќе бидат со него на сцена, а истата е направена на една пробите. Влезниците се пуштени во продажба за концертот кој ќе го паметите долго. Цена на билетот е 300 денари а достапни се на билетарницата во ЦК Битола и онлајн на avalon.mk и ширум продажната мрежа на Авалон низ Македонија. После концертот во Битола, на старт на 2023 година ќе се одржи и голем концерт во Скопје, во МОБ.

 

 

Можеби ќе ве интересира: