Магазин

Дарко Ѓорѓески – македонецот што живее во Грац и го остави без збор жирито во “Ѕвездите на Гранд” (Фото+Видео)

И покрај тоа што веќе извесен период македонските гледачи не ги следат “Ѕвездите на Гранд” на ниту еден македонски тв канал, тоа не значи дека истите не се емитуваат и дека не учествуваат наши македонски натпреварувачи. Еден од нив е и младиот и симпатичен 23 годишниот Дарко Ѓорѓиевски кој како што вели за Музика24 веќе 5 години работи и живее во Грац, Австрија.

“Во Австрија заминав првенствено да студирам. Студирав и завршив во Грац. Потекнувам од Гостивар, а работам како DJ, продуцент, инструменталист и пејач со околу 11 години музичко искуство”, открива Дарко за музичкиот портал Музика24.

Тој меѓудругото открива и дека главен инструмент на факултет му бил Тромбонот. Денес е тромбонист, а покрај тоа свири и уште неколку други инструменти.

“Пред три години сериозно почнав да се занимавам со продукција, направив мое студио и веќе позади себе имам хит кој сите го знаат “Бог и батина”, неодамна излезе и песната која што ја снимив во соработка со Гога Секулиќ “Зла копија”, додава Дарко, еден од нашите македонски учесници во “Ѕвездите на Гранд”.

Заинтересирани зошто неговото прво музичко натправарување го направи токму на сцената на “Ѕвездите на Гранд”, без двоумење, ни го одговори следното:

“Искрено имав голем мерак. Како мал секогаш ја гледав таа емисија, а впрочем и нема кој не ја гледал кај нас на Балканот. Во една прилика имав можност да настапам со фолк пејачката Тања Савиќ која ме посоветува без размислување да се пријавам. И ете ја послушав”, вели Дарко.

Откако го помина првиот круг и веќе е во тимот на познатата фолк пејачка Светлана Цеца Ражњатовиќ тој не сакаше да открие која е динамиката на работа со својот ментор и што се го очекува, избор на песни, консултација со менторот, средби… но на сето тоа рече дека деталите ќе може да ни ги открие дури по вториот круг, каде искрено веруваме и се надеваме дека ќе биде еден од нашите македонски натпреварувачи. Што се однесува до дочекот на Новата 2023-та година, прославувањето и многу повеќе, Дарко срамежливо не сакаше многу да открива за себе и својот приватен живот, едноставно ни рече дека Новата година ќе ја дочека и прослави работно, како и останатите празнични денови.

“Им благодарам на сите на подршката и пораките кои секојдневно ги добивам. Се надевам дека нема да Ве разочарам. Ви посакувам среќни новогодишни и божиќни празници и поминете си убаво каде и да сте”, им посака Дарко на своите фанови, обожаватели и сите читатели на музичкиот портал Музика24.

Во продолжение, погледнете го настапот на Дарко Ѓорѓески во музичката тв емисија “Ѕвездите на Гранд” кое можете да го погледнете на 01:58:07. Уживајте!

Можеби ќе ве интересира: