Во прв ред

Супер возбудливите Thievery Corporation на отворање на “Skopje Calling2017”

Еден од највозбудливите и најквалитетни бендови од светската концертна индустрија, Thievery Corporation доаѓа во Скопје, како специјално отворање на фестивалот “Skopje Calling2017”. Авалон Продукција како и за секој свој избор за концерт во Македонија, секогаш настојува да ги задоволи апетитите на публиката од сите генерации и со различна жанровска определба. Се разбира, заедно со личните апетити и музички вкусови на продукцијата.

Така и овој пат, тие го носат бендот којшто е маестрален во живо и можеби единствениот во светот кој со својот уникатен музички стил спојува повеќе музички жанрови со елементи на електронска музика. Концертот ќе биде на отворено и ќе се одржи на 20-ти јуни на Скопското Кале со почеток од 21 часот. Влезниците по цена од 990 денари ќе бидат пуштени во продажба од 15-ти мај, преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија, Југотон и онлајн. Thievery Corporation во Скопје доаѓаат во комплетен состав, со над 20 музичари на сцена. Скопје конечно може да очекува вистински спектакл!

Подготви: Христина Секуловска

Можеби ќе ве интересира: