Во прв ред

Во среда сите во “Epicentar”

Пред и после многубројните музички настани, време е да ве потсетиме и за еден музички сет кој што ќе се случува на 4-ти јули во “Epicentar” со почеток од 19 часот. Станува збор за забава со познатите Алавукс и Бодан Јамакоски / Марко Рикалоски. Забавата стартува со Бодан кој што пушта се она што е модерно од хаус до техно, некаде околу 00 часот забавата ќе продолжи со познатиот и веќе препознатлив Алавукс кој што секој свој настап всушност е вистинска техно забава до раните утрински часови, а нешто подоцна како последен музика ќе пушта Марко Рикалоски.

Доколку немате план за среда, а сакате луда и малку откачена забава, со задоволство ви го препорачуваме “Epicentar” за малку мисловно, психички и телесно да се одморите од напорниот летен спарно жежок скопски ден.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: