World Music

Студија покажа дека слушањето на AC/DC ги прави хирурзите попрецизни

Слушањето AC/DC дефинитивно може да ве „запали“, но кој знаеше дека може да биде корисно при изведување медицински процедури? Една нова студија покажа дека слушањето на легендите на хард рок музиката, многу гласно ги прави хирурзите побрзи и попрецизни.

Германскиот универзитет во Хајделберг спроведе студија за ефектите на музичкиот жанр и јачината на звукот врз лапароскопската хирургија. Хирурзите добија „мек рок“ од „Битлси“ и хард рок од „AC/DC“, додека брзината и точноста на нивните хируршки резови беа анализирани во однос на секој музички стил во различни амплитуди. За волја на вистината, „Let It Be“ и „Hey Jude“ на „Битлси“ исто така резултираа со побрзи резови, но само кога се свирело потивко. При повисоки волумени (65-70 децибели), благотворниот ефект се намалува. Сепак, хирурзите беа пофокусирани и попрецизни кога „AC/DC“ беа на репертоарот.

Нашите резултати покажуваат дека и мекиот рок но и хард рок можат да ги подобрат хируршките перформанси. – рече водечкиот истражувач Куи Јанг.

Во хард рок музиката, позитивниот ефект беше особено забележлив кога музиката се пушташе гласно. Можно е музиката со висок ритам да обезбеди темпо за одржување на брзината на изведбата и со тоа да ја подобри изведбата на задачите.

Така, следниот пат кога ќе одите под нож, може да побарате од вашиот лекар да слуша „Back in Black“ за време на операцијата. Можеби звучи лудо, но според науката, тоа би можело да ја направи вашата операција многу побрза и побезбедна.

Можеби ќе ве интересира: