Магазин

Прочитајте: Кои се најдобри европски ски дестинации за оваа сезона

Скијањето не е баш ефтин спорт. Тоа е уживање за кое многумина сонуваат, а малкумина го уживаат. Летот, карта за на ски терените, изнајмување скии (или пак да си купите), оброци, сите овие работи го прават скијањето еден од поскапите спортови, но сепак ако го изберете вистинското место и не е баш така.

*Morzine, Франција
Еден од најдобрите ски центри во Европа. Прекрасни падини и незаменливи стази. Ако сакате некаде да ја однесете вашата фамилија, ова е перфектното место за вас. Најважно е дека цените се премногу страшни.

*Brides-les-Bains, Франција
Ако сакате да скијате на неверојатна убавина, а не сакате да платите премногу, тогаш дефинитивно ова е тоа што го барате. Ќе имате можност да уживате на преубавите одмаралишта кои се на висока надморска височина.

*Madesimo, Италија
Еден од најголемите проблеми кај ски центрите е зафатеноста. Ако не сте со водич, може да се погоди да чекате половина ден само за да дојдете до ски лифтовите. Не и во Madesimo! Освен тоа, тука ќе ги најдете и едни од најдобрите ски стази.

*Canazei, Италија
Една од најживописните Италијански дестинации. Нуди широки и удобни стази кои гарантираат добро скијање.

*Ellmau, Австрија
Ако барате потивко и посмирено место, ова е тоа што ви треба. Традиционално село кое се наоѓа во составен дел од големата област SkiWelt. Едни од најдобрите стази, по не толку висока цена.

Можеби ќе ве интересира: