Магазин

Интересно: Германска дизајнерка изработува накит од мајчино млеко

Германската дизајнерка на накит Мелани Кипл изработува приврзоци и нараквици од мајчино млеко. Таа вели дека идејата на нејзиниот “накит од млеко” е да им даде можност на мајките да се присетуваат на периодот на доење “во форма на убаво и лично парче накит”.

Заинтересираните мајки и испраќаат неколку капки млеко на дизајнерката, таа ги суши и ги меша со смола и други материјали за зацврстување. Потоа парчето го обликува, а ако сакаат потрошувачите, може да искористат и прамен коса на детето или пак дел од папочната врвца. Иако на социјалните мрежи пак ја критикуваат нејзината работа и коментираат оти е невкусна, Кипл вели дека толку многу побарувачка што веќе следните клиенти ќе мора да ги бира преку лотарија.

Можеби ќе ве интересира: