Магазин

Градови во кои забавата трае 24/7

Дегустација на најквалитетни пијалоци, слушање на најдобрата музика од различни жанрови и лудило до зори во толпа весели и пријателски луѓе. Доколку сакате да доживеете ваков вид забава, а притоа имате пари, списокот на Си-Ен-Ен на најдобрите дестинации во светот може да ви помогне. Списокот ги вклучува светските престолнини на забава, избрани според различни критериуми, како што се разновидност на забава и уникатност.

Бангкок

Многу патници одат во главниот град на Тајланд без да знаат дека нуди многу повеќе од добра храна. Бангкок ја разви својата разиграна страна и стана космополитски град. Денес е полн со популарни рок-барови, дискотеки и пабови.

Барселона

Првото правило во Барселона е да не се задржувате во Ла Рамбла. Другите делови на градот се многу поинтересни ноќе и секако пред зори. Клубовите дури и не започнуваат со работа до пред полноќ. Медитеранската клима значи само едно – забави на отворено во текот на целата година.

Бејрут

Не е важно какво време од денот е, шансите се големи во тој момент во главниот град на Либан некаде да се случува луда забава. Брегот на Бејрут е полн со клубови и барови со панорамски поглед.

Берлин

Ноќниот живот во Берлин е толку развиен што некои клубови дури имаат кревети за оние кои не сакаат да го напуштат без одмор. Без разлика дали сакате да танцувате наутро, среде работна недела или да планирате големо излегување за викенд, ќе имате на располагање најмалку 10 клубови во секое дадено време.

Лас Вегас

Ниту еден список на најдобри градови за ноќевање не е комплетен без Лас Вегас. “Градот на гревот” има по нешто за секого. Речиси е невозможно да ви биде здодевно во град каде што можете за една ноќ да ја потрошите сета заштеда и во три наутро да ве венча двојникот на Елвис Пресли.

Мајами

Градот во Флорида ги има сите предуслови за добра забава, убави плажи и сончево време во текот на целата година. Овој град, исто така го сфаќа ноќниот живот многу сериозно, така што можете да најдете клубови за сечиј вкус.

Рио де Женеиро

Тука навистина знаат да се забавуваат, а не само на карневалот што изгледа дека трае цела година. Рио е прашума, самба, плажи од соништата и многу повеќе. Туристи ноќе се среќаваат во фенси клубови.

Њујорк

Град што никогаш не спие и има ноќен живот што е едноставно бесконечен. Огромни клубови со диџеи од целиот свет, елегантни дневни барови или места каде во живо се изведува џез – можете да најдете скоро за секого по нешто во Њујорк и во секое време, ден или ноќ.

Тел Авив

Благодарение на жителите кои сакаат да се забавуваат, израелската метропола се повеќе станува еден од градовите на Медитеранот кој нуди најдобра забава. Тоа е град во кој се собрани многу нации, така што атмосферата на мултикултурализам се чувствува во ноќниот живот.

Можеби ќе ве интересира: