Балканленд

Аца Лукас: Не пеам повеќе на ромски свадби

Општо е познато дека сите пејачи независно кои се и каква музика промовираат, најдобро заработуваат на семејните свечености како што се свадбите, крштевките, матурските… а секако во таа заработка вклучени се и бакшиш денарите или еврата кои ги добиваат од присутните на таа прослава.

На многу наврати досега сме слушнале или прочитале како некој пејач или пејачка како бакшиш има добиено огромна сума евра која достигнува и до неколку илјадници од вечер, а се поради тоа дека одредена песна му се допаднала на кумот, свекрвата, дедото и слично. Но, неодамна познатиот српски пејач Аца Лукас изјави дека никогаш повеќе нема да пее на ромска свадба, бидејки на истата секогаш се чувствува пониженои покрај тоа што има убав договор за прославата. Никогаш не би поверувале зошто тоа е така.

“Тоа се глупости. Нема никогаш да ги правам. Тоа се будали. Тие што ги организираат се лопови кои имаат пари. Тие те лепат со пари на чело и кошули, а на пејачките во прслуци. Но, подоцна ги тераат музичарите да им ги вратат парите”, изјави пејачот.

Можеби ќе ве интересира: