Балканленд

Бора Дрљача вели: Да помине коронавирусот и ќе барам девојка

Српскиот пејач Бора Дрљача неодамна излезе од болница по интервенцијата која ја имаше. Во екот на пандемијата со коронавирусот, лекарите му предложиле да остане под нивен надзор поради чувствителното здравје, но тој одбил.

“Ми говореа да останам колку сакам, но се чувствувам добро и одлучив да одам дома. Еве ме во двор, малку се шетам. Младиот син оди во набавка, а снаата готви за сите. Внимавам што јадам, во болница ослабев 25 килограми и сега не сакам да се здебелам. Како момче изгледам, па кога ќе пројде коронавирусот ќе си најдам девојка”, вели Дрљача.

Можеби ќе ве интересира: