Балканленд

Сека Алексиќ во жирито на “Пинкови Ѕвезди” (Фото)

Фолк ѕвездата Светлана – Сека Алексиќ од април годинава ќе биде еден од членовите на жирито на талент шоуто “Пинкови Ѕвезди”. Според извор близок до пејачката, Сека некое време се двоумела дали да ја прифати оваа обврска, но на крајот одлучила да ја прифати понудата на Пинк Телевизија.

“Раководството на телевизија Пинк веќе долго време се во преговори со Алексиќ за нејзиното учество во овој формат, но таа не можеше да ја прифати понудата. Кога прв пат започна снимањата на новата сезона во септември таа го роди синот Јаков и не беше во можност да учествува. Сепак, таа од Нова година почна да се враќа на своите обврски, па телевизија Пинк одлучи повторно да ја покани во жирито”, вели извор од продукцијата.

Подготви: Филип Етмишовски

Можеби ќе ве интересира: