Балканленд

Северина ја обвини Дуа Липа дека ја копира?! (Фото)

Хрватската пејачка Северина на социјалните мрежи сподели фотографија од свој следбеник кој ја забележал сличноста меѓу новиот албум на Дуа Липа и последниот албум на Северина.

Многумина заклучија дека Севе така алудира и ја обвинува Дуа Липа дека ја копирала.

Станува збор за нејзиниот албум наречен „Sorry“, а на насловната страница на албумот ја гледаме Севе како го лиже својот одраз во огледалото. Насловот на албумот и ги покрива очите.

Пејачката со косовски корени ја избра истата поза на својот нов албум „Худини“, а единствената разлика меѓу албумите е што нејзиното име и насловот на албумот се на вратот.

Можеби ќе ве интересира: