Имам нешто да те прашам

Мини интервју: Сека Алексиќ се пофали на интернет со тетоважи од верен македонски фан (Фото)

Деновиве на социјалните мрежи и разно-разни српски портали одекна веста дека познатата српска фолк пејачка Светлана Сека Алексиќ е почестена од податокот дека нејзини фанови тетовираат дел од нејзините хитови, стихови или рефрени. Музика24 ексклузивно стапи во контакт со Енис Исаи младиот скопјанец кој што е голем фан на оваа на далеку позната фолк пејачка и кој што има истетовирано тетоважи посветени на Светлана, како и дел од нејзините песни.

Во краткиот ексклузивен разговор што екипата на Музика24 го направи со ова младо момче тој го одговори следново:

Музика24: Од каде желбата и мотивацијата да истетовираш дел од хитовите на Светлана Сека Алексиќ и зошто баш од неа?

Енис: Љубител сум на тетоважи, имам и свои лични тетоважи секако и секоја има некое значење за мене. Кога станува збор за Светлана ја пратам од самиот почеток на нејзината кариера и ми се допаѓа на кој начин ја гради својата кариера и каков пред се човек и борец е.

Светлана Сека Алексиќ со статус на нејзиниот ФБ профилМузика24: Гледаме дека си нејзин голем фан. Кажи ни, сигурно досега имаш посетено некој од повеќето нејзините концерти и настапи…?

Енис: Не некој, многу концерти и многу настапи. Во Македонија на сите, Србија, Хрватска… Бев дел од организацијата на концертот во Белградска Арена, 23.10.2010-та година.

Енис меѓудругото ни откри дека е во секојдневен контакт со познатата балканска пејачка и дека оваа година всушност е десет години од нивното запознавање. Во март излегува нејзиниот седми студиски албум, што значи дека освен по останатите места и градови низ Балканот, фолк пејачката свој концерт и настапи ќе има и во Македонија. Музика24 како единствениот музички портал кој што ги третира сите жанрови на музика ќе добие ексклузивно интервју со познатата фолк пејачка од Србија Светлана Сека Алексиќ.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: