Covers

Петар Малинов со уште еден одличен ковер (Видео)

По одличната и емотивна изведба на коверот за песната “I Belive” од Р. Кели, младиот кочанчанец Петар Малинов за кој што Музика24 веќе пишуваше, повторно нас и сите Вас не изненадува со уште еден исто така одлично спакуван ковер, овој пат за песната на светски познатиот Роби Вилијамс “Eternity”. Петар своите фанови и сите останати во овие зимски и празнични денови не почести уште еднаш. Тој заедно со дел од бендот “Криптон” чии фронтмен е моментално, го реализираше новиот ковер, а се разбира и новото видео кое ќе имате можност да го погледнете ексклузивно на Музика24.

Андреј Блажев е момчето кое што го придружува Малинов во видеото, а за комплетна реализација на аудио и видео за да изгледа онака како што изгледа се погрижи Jordan Manov Audio & Video. Местото и целиот одличен амбиент каде што е реализиран проектот се наоѓа во Кочани, а станува збор за Irish Pub Guinness. Наскоро од Петар, по двата одлични ковери следи и нешто авторско… до тогаш, уживајте во најновиот негов ковер.

Подготви: Дениза Илиеска

Можеби ќе ве интересира: