Магазин

Кои се најдобрите видео игри за време на корона изолацијата (Видео)

За време на изолацијата и карантинот важно е да пронајдеме некои занимации кои нема да ни дозволат да западнеме во депресија. Недостатокот на контакт може да биде делумно компензиран од Skype и другите видео повици, но сепак имаме и неколку други предлози за вас. Повеќето видео игри денес нудат можност за онлајн играње.

Ви предлагаме неколку игри што можете да ги играте за време на изолацијата:

Minecraft
Оваа игра е популарна долго време кај играчи од различни возрасти. Во играта можете да го истражувате огромниот свет со вашите пријатели, да направите неверојатни згради и да учествувате во многу мини-игри. Единствената граница е вашата фантазија, само не заборавајте да спиете.

Fortnite
Некои луѓе ја сакаат, некои ја мразат, но сепак оваа игра има голем број на играчи. Покрај бесплатниот модул во кој 100 играчи се борат кој ќе остане последен, кој може да се игра и во екипи. Постои и друг креативен модул каде можете да учествувате во други тимски авантури и да создадете своја околина.

Sea of Thieves
Овде секако има судири и поморски битки, но суштината на играта е да пронајдете 3  (тројца) пријатели со кои би тргнале на незаборавна авантура. Светот е богат и огромен и вклучува се на што сме навикнати во пиратските филмови и приказни.

GTA Online
Сопствениците на GTA 5 кои достигнале одредено ниво можат да се здружат со други играчи во светот и да испланираат разни мисии што ќе ги извршуваат заедно. Ако некогаш сте се запрашале како би изгледало заедно да решавате мисии со вашите пријатели и други играчи, ова е вистинскиот начин да дознаете.

Можеби ќе ве интересира: