Магазин

Истражување: Колку време сме поминале гледајќи во мобилниот или таблетот минатата година

Во текот на изминатата 2018 година, просечниот граѓанин поминал на својот смартфон и таблет дури 36 дена. Резултатите од истражувањето на eMarketer се однесуваат на жителите на САД, но овие статистички податоци може лесно да се пресликаат на Европа, па и на погоелмиот дел од остатокот од светот.

Просечен жител на САД дневно поминува вкупно 2 часа и 23 минути со смартфонот во раце. Ако на тоа се додадат таблетите и други уреди, тогаш добиваме резултат од 3 часа и 35 минути дневно, односно 36,4 часа годишно. Земајќи предвид дека ова е само просек, поединци чија работа зависи од смартфонот или се врзани со него, сигурно акумулирале многу повеќе саати пред екран, објави Android Authoroty.

Ако овие бројки ве плашат, спасот иронично се наоѓа меѓу многу бројните апликации што го следат вашето работење на смартфонот и ќе ве предупредат ако претерувате. Исто така, многу познати апликации како YouTube имаат опција да ве предупредат кога прекумерно ги користите. Овие нагодувања може да ги наместите сами.

Можеби ќе ве интересира: