Магазин

Погледнете: Тетоважа која е неверојатна оптичка илузија (Фото)

Мајсторот за тетоважи решил да истетовира досега невидена тетоважа на неговиот пријател Рајан. Тој направил оптичка илузија на главата која изгледа како дупка. Уметникот за тетовирање ги збуни корисниците на социјалните мрежи откако на задниот дел од главата на неговиот клиент нацрта неверојатна тетоважа која изгледа како да е вистинска, а всушност станува збор за оптичка илузија.

Уметникот за тетоважи Мет Персон, кој работи во компанијата „Зион тетоважа“ во Јута, покажа неверојатна оптичка илузија што ја дизајнираше за неговиот пријател Рајан во неговиот последен проект. Мет на главата на Рајан нацрта низа дебели линии кои ги насочи кон задниот дел на черепот и со помош на неколку паметни трикови во сенката, Мет успеа да направи главата да изгледа како масивна дупка.

https://www.instagram.com/p/B_YKm7-Dwt4/?utm_source=ig_embed

Сликата, која првично беше објавена на неговиот инстаграм-профил уште во април и има над 65.800 следбеници, собра повеќе од 11.000 лајкови. Мет напиша: „Направив една луда работа за мојот пријател Рајан денес … Имаме уште што да завршиме, но што мислите за ова?“ Многумина ја пофалија неговата работа во коментарите, пишува Мирор.

Можеби ќе ве интересира: